Младата репрезентација на Македонија под водство на селекторот Драган Канатларовски попладнево го одработи и првиот тренинг на последниот собир од квалификациите за ЕП кое ќе се одржи во Грузија и во Романија следната година.
Популарниот Цапар ги „построи“ младите од кои ќе се избира и тимот за следниот квалификациски циклус.
На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, младите ќе одиграат меч против Украина во Истанбул, Турција. Македонија е без шанси за пласман на ЕП, па натпреварите ќе бидат искористени за еден вид селекција и за следниот квалификациски циклус.
Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА