Вечерашното финале ќе го даде и освојувачот на „Златната топка“

Двата европски гиганти Реал Мадрид и Ливерпул вечерва се среќаваат во финалето во Лигата на шампионите. Нема дилеми дека не чека спектакл на стадионот во Париз.

Но, освен трофејот за најдобар тим во Европа, веројатно вечерашниот натпревар ќе го даде и победникот на освојувачот на „Златната топка“, награда која ќе ја понесе најдобриот фудбалер во моментов.

Промената во правилата за ова награда овозможува на играчите кои имаат одлична сезона да ја добијат наградата. Конкуренцијата е голема, а клучен може да биде вечерашниот меч.

Фаворит за освојување на Златната топка е Карим Бензема, кој оваа сезона „решета“ и прави чуда. Дури ако Реал загуби, Бензема и натаму ќе биде главен фаворит. Конкуренција му е Мохамед Салах и Садио Мане, и само блескава партија на некој од овие двајца може да му ја „украде“ оваа награда на Бензема. Затоа вечерашниот меч може да биде клучен за освојувачот на Златната топка.

Се вчитува...