Возачите на Ферари ќе тргнат од првиот ред во Монако

Шарл Леклер и Карлос Саинц, возачите на Ферари, ќе стартуваат од првите две места на утрешната трка за ГН на Монако.

Леклер беше најбрз и ќе стартува од првата позиција, што на оваа патека каде нема многу претекнувања е важно. Денешните квалификации не беа завршени затоа што се случи инцидент откако Перез заврши во бариерата пред тунелот, а во него удри Саинц, но за среќа избегнат беше потежок судир.

После двоецот на Ферари се Перез и Ферстапен од Ред Бул.

Се вчитува...