Валенсија ја совлада Басконија, и израмни во плеј-оф серијата во Шпанија на 1-1. Валенсија благодарение на добрата игра во втората и третата четвртина, славеше триумф со 82-89.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна пет поени во победата на гостинскиот тим. Димитријевиќ мина на паркетот 12:45 минути, а притоа дојде до два скока и две асистенции.
Валенсија сега се игра на домашен терен и ќе се обиде да дојде до победа која ќе ги пласира во полуфиналето. Таму ги чека тимот на Реал Мадрид, кој веќе го елиминираше составот на Манреса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА