Ракометарките на Ѓорче Петров се новите шампионки на Македонија, откако вечерва го совладаа тимот на Металург со 25-19, и се закитија со 18-тата титула во женска конкуренција. Во меч реприза од финалето на Купот, домаќинките имаа проблеми само на старотт на мечот, а потоа откако направија разлика, ја одржуваа до крајот на мечот.
Во финишот серија на домашните ракометарки од 5-0, за предност од 13-8, а на пауза се замина со 15-9.
Во вториот дел домашните се одлепија и на плус осум, но Металург не се предаде па стигна до пет, но Ѓорче Петров одново со серија се одлепи од противникот.
Стојановска со осум гола беше најдобра во домашните редови, додека Трајковиќ и Божиновска кај Металург постигнаа по шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА