Винициус го доближи Реал Мадрид до титулата во ЛШ (ВИДЕО)

По еден час игра, конечно, гол во финалето во Париз. Винициус Жуниор му донесе предност на Реал Мадрид, по додавање на Валверде, и по првиот удар кон голот на Алисон.

Многу простор по десната страна за Реал Мадрид, и потоа додавање прецизно до левото крило, кој само спроведе во мрежата. Овој гол и тоа како ќе го смени текот на натпреварот, сега Ливерпул мора да нападне да даде гол.

Реал Мадрид сега е блиску до својата 14-та титула во ЛШ.

 

Се вчитува...