Мохамед Салах несомнено е еден од најдобрите играчи во моментов во Светот. Крилниот играч во последните години освои многу трофеи со „црвените“, имаше и успех со својот национален тим, но оваа 2022 година ќе биде за заборав за Египќанецот.
Салах најпрво го загуби финалето во Купот на Африкански нации од Сенегал. Потоа не успеа да се пласира на Светското првенство исто така после поразот од Сенегал.
На клупски план, Салах ја загуби титулата во Премиер-лигата од Манчестер Сити, а вчера го загуби и финалето во Лигата на шампионите. Сезоната ќе ја заврши само со ФА Купот, и можеби со Карабао Купот доколку го освои.
Инаку Салах може ова лето да го напушти тимот, и да се пресели токму во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА