Хиндли победник на Џиро д’Италија

Австралискиот велосипедист Џеј Хиндли, е победник на овогодишното издание на трката Џиро д’Италија. Хиндл со тоа стана првиот велосипедист од Австралија кој што победил на легендарната трка. Тој победи со резултат 86 часа, 31 минута и 14 секунди. Пред последната етапа имаше 1 минутаи и 25 секунди предност во однос на Ричард Карапас од Еквадор.

Карапас трката ја заврши како второпласиран со минута и 18 секунди заостанување, а трет Микел Ланда со 3:24 минути заостанување. Четвртото место за Винченцо Нибали од Италија кој имаше заостанување од девет минути.

Последната етапа се возеше денеска на хронометар со должина од 17,4 километри. Целта беше Верона крај римскиот амфитеатар, а победи Матео Собреро кој извозе за 22:24 минути.

Се вчитува...