Вистински хаос: Сент Етјен испадна, навивачите ги нападнаа фудбалерите со факели (ВИДЕО)

Сент Етјен денеска загуби во бараж натпреварот со Оксер и испадна од француската Лига 1. И во вториот натпревар беше 1:1, со што се играа продолженија по кои резултатот остана непроменет, а потоа на пенали загуби со 4-5.

Сепак, навивачите не останаа должни и веднаш по завршувањето на натпреварот влегоа на теренот и со факели гаѓаа кон тунелот, каде што во тој момент влегуваа фудбалерите.

Францускиот сојуз сигурно драстично ќе ги казни „зелените“ кои не успеаја да го обезбедат опстанокот и нова сезона во „елитата“. Оксер се враќа по 10 години во прволигашката конкуренција.

Се вчитува...