Шпанската тениска сензација Карлос Алкараз, со победа од 3-0 над рускиот тенисер Карен Хачанов се пласираше во 1/4 финалето на Ролан Гарос. Алкараз ја доби пресметката во сетови 6-1, 6-4 и 6-4.
Откако немаше проблеми во првиот сет, Алкараз добро се намачи во вториот сет во кој Русинот имаше три пати предност (1-0, 2-1 и 3-2), но потоа Шпанецот ја презеде контролата на играта и го доби и тој сет.
Неизвесно беше и во третиот сет во кој Алкараз губеше, а потоа поведе со 1-3, за да изгуби на свој сервис и да му дозволи на Хачанов да израмни. Сепак, набрзо и Русинот загуби на свој сервис, па Алкараз повторно дојде до предност. На крајот го доби и третиот сет со 6-4, и се пласираше во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

