Кими Раиконен, поранешниот Формула 1 шампион, нема долго да остане во тркачка пензија. Финецот најави дека е подготвен да дебитира во трките со автомобили под компанијата НАСКАР.
Финецот ќе вози за Тракхаус Рејсинг и ќе дебитира во Воткинс Глен. Иако сега се очекува да вози на една трка, Раиконен е отворен и за понатамошни соработки со тимовите.
„Не планирав да се враќам на тркањето, меѓутоа ме разубедија. Разговаравме, како би функционирало, каде би се тркал и сите детали. Постојат многу фактори, но се работи за една трка и поради тоа немаше проблеми. Секогаш уживав кога возев во НАСКАР, се надевам на добра трка и забава. Ќе биде тоа нов автомобил и патека, но верувам дека ќе се снајдам“, изјави Раиконен.
Претходно Раиконен се појави во НАСКАР серијата во текот на 2011 година, а сега единаесет години подоцна одново ќе вози во престижното друштво во Соединетите Американски Држави. Веројатно Финецот не е подготвен да ужива во пензијата, па константно се појавуваат информации за нови авантури во авто-мото светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА