Филип Мишевски, дефанзивецот на Македонија Ѓорче Петров денеска стави нов потпис за продолжување на меѓусебната соработка со „лавовите“. Според новиот договор Мишевски ќе остане во Ѓорче до 2024 година.
Оваа сезона искусниот дефанзивец запиша 29 натпревари за Македонија ЃП. Во клубот Мишевски пристигна минатото лето после кратката епизода во Борец, претходно настапуваше уште за Скопје, Пелистер, Работнички и Тиквеш. Во Ѓорче ова е втор потпис претхопдно договорот го продолжи голманот Христијан Стевковски.
За потсетување, Ѓорче во изминатата сезона го освои Купот на Македонија и заврши како четвртопласирана екипа на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА