Ивановски елиминиран на стартот на јуниорскиот Ролан Гарос

Најдобриот македонски млад тенисер, Калин Ивановски е елиминиран на стартот на јуниорскиот турнир на Ролан Гарос. Подобар од македонскиот тенисер беше Бразилецот Жоао Фонсека со 2-1, по сетови 6-7, 6-4 и 6-2.

Иако нашиот тенисер лошо го отвори мечот и имаше негатива од 2-5 успеа да се врати во него и да поведе со 1-0 (7-6). Клучен во мечот беше деветтиот гејм во вториот сет во кој Бразилецот направи брејк и израмни на 1-1 (6-4).

Во третиот сет Ивановски немаше сила за ништо повеќе, а Бразилецот рутински славеше со 6-2. Ивановски го очекува настап и во двојки каде утре со Русинот, Ерик Арутиуниан ќе играат против Бартон од Чешка и Американецот Ким.

Се вчитува...