Французинот Жереми Пињар ќе биде главен судија на првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација на отворањето на новата сезона во Лигата на нации против Бугарија на 2. јуни во Разград.
Помошници на Пињар ќе му бидат сонародниците Аурелиен Дру и Лоран Кониљо, а четврти судија ќе биде Микаел Лесаж.
Натпреварот меѓу Македонија и Бугарија во Разград на 2. јуни се игра со почеток од 18 часот.
Македонија е во Лига Ц од Лигата на нации заедно со селекциите и на Грузија и Гибралтар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА