Францускиот град Ле Авр беше домаќин на светски средношколски игри на кои учество земаа 3.500 спортисти од 70 држави од целиот свет кои се натпреваруваа во 17 спорта и три параспорта, а меѓу нив беше и македонска селекција во повеќе спортови.
Претставник во „3х3“ беше скопското средно училиште „Никола Карев“ како државен првак на Македонија, а на крајот го освои петтото место. Во составот беа Ангел Кечовски, Коста Кириловски, Лука Дејановски и Михаил Стојанов, а истите ги предводеше професорот по физичко образование Венцислав Рангелов, кој во минатото беше и тренер на неколку прволигашки екипи во женска конкуренција.
Во групната фаза Македонија ги победи Нигер со 17-11 и Непал со 21-0, а загуби од Израел со 6-22. Во четвртфиналето подобра од нашиот тим беше Франција која славеше со 19-7, па во борба за пласман на петтата позиција македонската селекција ги победи Бугарија со 14-3 и Јордан со 17-12. Титулата ја освои Израел кој во финалето ја победи Франција со 21-12.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА