Челси со новиот американски газда влегува и во нова ера, а во неа нема да запре со атрактивните засилувања. Напротив, ова лето лондонскиот гигант ќе се обиде да ги наруши плановите на Барселона и Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.
Имено, Ромелу Лукаку кој пристигна како огромно засилување за 113 милиони евра во втората „епизода“ на „Стемфорд Бриџ“ нема да се задржи повеќе од една сезона, а петкраниот шампион на Англија како негова замени ги гледа Роберт Левандовски и Габриел Жезус.
Полјакот кој неодмна изјави дека нема намера да продолжи со Баерн Минхен беше голема трансфер мета на Барселона, додека доскорешниот фудбалер на Манчестер Сити веќе е во преговори со Арсенал, но интересот на Челси се очекува да го промени текот на преговорите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА