Анхел Ди Марија ќе стави крај на репрезентативната кариера по Светското првенство во Катар, потврди Аргентинецот. Напаѓачот одигра 121 натпревар за својата репрезентација на кои постигна 24 гола.
Притоа претходната година на финалето од Копа Америка беше и стрелецот на победоносниот гол со кој Аргетнина стигна од првиот трофеј во големо натпреварување по пауза од 28 години.
Ди Марија вели дека Аргетнина има се повеќе врвни фудбалери кои заслужуваат место во репрезентацијата.
„По овој Мундијал ќе дојде време да кажам збогум на репрезентацијата. Има многу играчи кои играат на врвно ниво, кои се се подобри и кои можат да докажат дека се на ниво да го носат дресот на Аргентина“, изјави Ди Марија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА