Истекоа договорите на Јахја, Босанчиќ и Шабани од Струга ТЛ

Струта Трим Лум би можела да остане без тројца фудбалери во идната сезона. Истекоа договорите на стоперот Немања Босанчиќ, и на крилните фудбалери Абдулхади Јахја и Буњамин Шабани. Тројцата се слободни агенти, и можат да бараат нова средина, доколку не се договорат со Струга за продолжување на соработката.

Јахја во јануари 2019 година пристигна во Струга од таборот на Шкупи, а претходно беше дел од младинските екипи на Вардар, а играше и како позајмен во Еуромилк. За него има интерес од неколку екипи од земјава и од странство.

Босанчиќ е дел од Струга 1,5 година, додека Буњамин Шабани е без договор после две години минати во клубот. Тој во минатото играше во многу клубови, а има и интернационална кариера. И за овие двајца има интерес од земјава и странство.

Во Струга ТЛ, како и во другите клубови засега е мирно кога станува збор за трансферите. Во моментов се преговара со постојните играчи за продолжување на соработката, а потоа во зависност што ќе замине, ќе се потполнуваат со нови имиња.

Се вчитува...