Италија и Аргентина вечерва на „Вембли“ во Лондон ќе се сретнат во новоформираниот натпревар меѓу победниците на Европското првенство и Копа Америка „Финалисима“. Двајцата селектори ги одбраа тимовите со кои ќе тргнат по трофејот во така наречениот репрезентативец Супер-куп.
Роберто Манчини се одлучи да стартува со Матео Песина, вечниот резервист сега добива шанса во триото во средина со Жоргињо и Николо Барела, а во нападот ќе почне триото Федерико Бернадески, Андреа Белоти и Џакомо Распадори. Во тимот ќе биде и Џорџо Кјелини кој вечерва ќе се збогува од националниот дрес.
Од друга страна Аргентина на мечот излегува со најсилниот можен тим, предводен од Лионел Меси, а поддршка ќе му бидат Пауло Дибала, Лаутаро Мартинец, Родриго Де Пол и Анхел Ди Марија.
Натпреварот на „Вембли“ во Лондон е со почеток во 20.45 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

