Чилиќ е третиот полуфиналист на Ролан Гарос

Марин Чилиќ е третиот полуфиналист на Ролан Гарос откако во маратонскиот четвртфинален меч го совлада Русинот, Андреј Рубљов со 3-2, по сетови 7-5, 3-6, 4-6, 6-3 и 7-6.

Првиот сет му припадна на рускиот тенисер со 7-5. Хрватот возврати во следните два и успеа да стигне до водство од 2-1 во сетови. Рубљов заигра подобро во четвртиот сет добивајќи го 6-3 и го однесе мечот во одлучувачкиот петти сет.

Таму прв до меч топка стигна Чилиќ кој на 5-4 не успеа да ја искористи. Натпреварот замина во супертајбрејк, а таму Хрватот беше убедлив со 10-2.

Во полуфиналето Чилиќ го чека подобриот од последното четвртфинале во кое вечерва ќе се сретнат Норвежанецот, Каспер Руд и Данецот, Холгер Руне.

Се вчитува...