Одбојкарската репрезентација на Македонија доживеа шокантен пораз од Албанија со 1-3, по сетови 23-25, 25-20, 25-17 и 25-22 во натпревар од третото коло од годинашната Европска сребрена лига. „Црвено-жолтите“ по поразот од Романија на гости повторно одиграа далеку под своите можности, што донесе тежок пораз од аутсајдерот во групата Б.
Популарните „Спартанци“ споро го отворија натпреварот. Имаа негатива во целиот прв сет кој го загубија со 23-25. Во вториот дел нашите одбојкари заиграа на ниво и со сигурни 25-20 успеаја да израмнат на 1-1.
Кога се мислеше дека почетната опуштеност е помината и дека ќе го приведеме мечот до крајот, Албанците одиграа повторно одлично и со убедливи 17-25 го освоија третиот сет и поведоа со 2-1.
Во четвртиот сет продолжи големата борба во која подобро се снајдоа Албанците и со 25-22 успеаја да ја забележат првата победа против Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА