Репрезентацијата на Украина славеше на гостувањето кај Шкотска со 1-3 во полуфиналниот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар.
Украинците поведоа со 0-1 со голот на Јармоленко во 33. минута. На 0-2 зголеми Јаремчук во 49. минута. Домаќините намалија на 1-2 со голот на Мекгрегор во 79. минута, а конечните 1-3 ги постави Довбик во 95. минута. Во еден крајно емотивен меч за Украинците кој е прв по инвазијата на Русија на нивната земја успеаја да слават на тешкото гостување во Шкотска и да стигнат на само еден натпревар од ново учество на мундијалот.
Во финалето од баражот Украина ќе игра против репрезентацијата на Велс.
Првиот погодок на Украина можете да го погледнете на следниот линк.
Вториот погодок на Украина можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

