Српскиот тренер Ненад Чанак оваа сезона испиша историја во литванската кошарка, елиминирајќи го Жалгирис во полуфиналето од разигрувањето за титула со својот Лиеткабелис со што гигантот за прв пат откако постои самостојното првенство во балтичката држава не се пласира меѓу најдобрите две екипи.
Сепак успехот на Србинот беше засенет во вчерашниот трет финален натпревар каде доби исклучување по бурна реакција, а на патот кон соблекувалната го бутна противничкиот тренер и влезе во вербална расправа со претседателот на Ритас.
View this post on Instagram
По завршување на натпреварот Чанак беше топ тема на конференцијата за медиуми, а таму ги одбрани своите реакции велејќи дека тоа е природна реакција.
„Не сум горд на тоа, но тоа беше природна реакција. Гиедраитис крвареше, а не беше досуден очигледен прекршок. Не знам да глумам, не можев да се контролирам. Не бутнав никого, го виде ли тоа некој? Ритас заслужено победи. Одлично го започнаа натпреварот и имаа контрола. Со овој пристап немаме на што да се надеваме“, изјави Чанак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

