НБА Финале: Искуството на страна на Голден Стејт, но Бостон е најтрофејниот

Големото финале во НБА лигата започнува денеска во 03:00 по полноќ, а во него силите за прстен ќе си ги одмерат Голден Стејт и Бостон. Тимот од Западната конференција ќе има шанса да ја врати доминацијата која ја загуби во последните години, додека Бостон да го врати трофејот во своите витрини по 14 години.

Голден Стејт има голема предност во финалната серија со оглед на тоа што искуството е на негова страна. Кошаркарите на Стив Кер вкупно имаат 14 престени, додека „зелениот“ состав нема ниту еден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBA (@nba)

Сепак во Бостон знаат како е да се освојуваат трофеи, Селтикс се изедначени со Лејкерс по бројот на освоени трофеи со по 17, па новото престигнување на составот од Лос Анџелес треба да биде дополнителна мотивација за „неискусниот“ тим.

Се вчитува...