Ерменското водство го разбуди „лавот“ во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Втората победа македонската млада фудбалска репрезентација ја оствари повторно против Ерменија во квалификациите. Откако ја совлада во Ереван, истото го успеа и во Скопје, и тоа потешко од очекувањата.

Ерменија имаше водство, но тоа траеше само девет минути, а потоа се во рацете на Македонија. Симонјан донесе ерменско водство, а потоа Максимов со убав гол израмни.

Во вториот дел Македонија беше трпелива, и на крајот поснаодлива. Во 85. минута Илиевски по асистенција на Абази погоди, а потоа и Емини од пенал за конечни 3-1.

Македонија нема шанси за пласман во следната фаза, а последниот меч го игра со Украина во Истанбул.

Се вчитува...