Најдобриот македонски кик-боксер Димитар Ѓорѓиев утре ќе ја има својата прва професионална победа во кариерата. По освојувањето на големиот број на медали на европските и светски првенства, Ѓорѓиев утре во градот Зворник во Босна и Херцеговина ќе се сретне со домашниот миленик Никола Дробњак.
Пред борбата Ѓорѓиев вели дека има голем респект кон противникот со кој двапати се бореше, па се надева дека утре ќе успеа на крајот да дојде до победата.
„Досега се натпреварував само на аматерско ниво. Ова е моја прва професионална борба и прва шанса за професионална победа и се надевам дека ќе победам. Тој е искусен борец. Мислам дека ќе прикажеме одлична борба за публиката што е најважно. Да има квалитетен меч, а судиите на крајот ќе го прогласат победникот. Првиот пат против него загубив, вториот пат победив пред шест месеци, па затоа ова сега ќе биде финале меѓу нас двајца“, изјави Ѓорѓиев.
Главната борба ќе биде на програмата утре во салата во Зборник. Пред главната борба меѓу Ѓорѓиев и Дробњак ќе има и осум предборби, а во една од нив ќе настапи и вториот наш претставник Бобан Илиоски.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА