ЕКИПА во Разград
ФОТО: Петр Стојановски, Игор Паневски
Малку, околу 100 навивачи имаа македонските репрезентативци како своја поддршка на натпреварот против Бугарија во Разград на стартот од Лигата на нации, но очигледно повеќе од доволно.
За вистинска ПЕТКА беа македонските фанови кои низ текот на сите 90 минути дадоа безрезервна поддршка на избраниците на Милевски.
Беспрекорен однос на фановите на трибините на „Хувефарма арена“ кои во поголемиот дел од средбата беа погласни и од домашните 8.000 навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА