Основачот на компанијата за спортска опрема „Најки“, Фил Најт и косопственикот на професионалниот бејзбол тим ЛА Доџерс, Алан Смолински упатија заедничка понуда како би ја откупиле „франшизата“ на Портланд Трејлблејзерс, пренесува ЕСПН.
Се наведува дека заедничката понуда на овој двоец е поголема од два милијарди долари и дека се очекува да ја откупат „франшизата“ која е дел од НБА од 1970 година.
Во моментов течат преговори со корпорацијата која беше под водство на починатиот Пол Ален која во моментов ја има сопственоста на „франшизата“ од Орегон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

