Шкендија се раздели со Маркоски, Менсалао и Џоу

Фудбалскиот клуб Шкендија објави дека за следната сезона нема да смета на тројца свои играчи. Станува збор за напаѓачот Кире Маркоски, како и играчите за врска Џеси Џоу и Андре Менсалао.

Од тетовскиот тим истакнаа дека станува збор за обостран раскин на договорите со тројцата играчи, и тие нема да бидат дел од „црвено-црните“.

„Џоу, Менсалао и Маркоски во иднина нема да бидат дел од нашиот тим, а раскинувањето на договорите се на обостран начин. Шкендија им се заблагодарува за нивниот придонес во црвено-црниот дрес и им посакува многу среќа и успеси во понатамошните кариери“, се вели во соопштението од тетовскиот тим.

Се вчитува...