Клаудиу Мицовши кој настапува за италијанскиот Авелино нема добро да го помни времето поминато во Италија откако доживеа незгодна ситуација по поразот на неговиот тим од Фогија во доигрувањето за пласман во Серија Б.
Бесните навивачи на клубот се одлучија да се пресметаат со фудбалерите, а Романецот заедно со еден соиграч беше запрен на автопат додека се враќал од тренинг. Тие беа опколени од три автомобили, а по расправијата лицата му одземаа и некои работи од автомобилот.
Целиот настан беше фатен на камера, а полицијата брзо го разреши случајот. Вкупно се приведени 11 лица, а тројца навивачи се ставени во куќен притвор за кражба и насилство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА