Претседателот на Славија Софија, Венцислав Стефанов одново ја разбранува јавноста, откако испрати нова провокација кон Македонија.
Откако пред натпреварот ја потцени Македонија и кажа „која е таа Македонија да се плашиме од неа, ако се плашиме не треба да играме фудбал“, сега одново и по натпреварот не престанува со провокациите.
„На моменти екипата на Македонија беше поагресивна, со поголем ентузијазам, но доколку се досудеа два прекршоци, ќе победвме. Реално немаше сериозни шанси кон нашиот гол. Судијата дефинитивно им помогна. Бев 100% убеден дека тоа е пенал. Ударот беше во правец на голот и такви работи како раката е залепена за телото се глупости“, рече Стефанов.
Стефанов и тука не застана со провокациите.
„Јас потекнувам од Битола, но не сум Македонец, туку Бугарин. Нека знаат овие големи патриоти дека Македонија е југозападна Бугарија. Од Битола сум, но не стапнувам таму. Пред неколку години отидов да го видам моето семејство, ме запреа и проверуваа дали сум шпион. Гледате ли за какво лудило зборуваме“, истакна Стефанов за „Спортал“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА