Националите „слетаа“ во Малага, сега пат со автобус до Гибралтар (ФОТО)

ЕКИПА во Малага, Шпанија
Владимир Булатовиќ

Националниот тим на Македонија по лет од речиси 2,5 часа, од Варна слета во шпанскиот град Малага. Од таму експедицијата на Македонија ќе се упати со автобус до Гибралтар, каде што во недела нашите репрезентативци го играат вториот меч од Лигата на Нации.

Репрезентативците ги чека пат од околу два часа до Гибралтар.

Утре националниот тим го има официјалниот тренинг во 18 часот, а претходно ќе има прес-конференција на која селекторот и капитенот ќе ги искажат очекувањата од дуелот.

Првиот меч Македонија го одигра на гости со Бугарија и освои бод. Гибралтар во првото коло загуби од Грузија со 4-0.

Се вчитува...