„Пелистерци“ прошетаа по Широк Сокак и побараа поддршка од битолчани против МЗТ Скопје (видео)

Кошаркарите на Пелистер го загубија вчерашниот прв дуел од финалната серија со МЗТ Скопје, но веќе утре имаат можност за поправен, на вториот меч од финалето што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Токму затоа, избраниците на Марјан Илиевски попладнево прошетаа по Широк Сокак, кревајќи ја атмосферата во центарот на градот и барајќи поддршка од битолчани, утре во што поголем број да дојдат во салата во обид да се земе скалпот на актуелниот шампион.

Се вчитува...