Де Јонг во Манчестер Јунајтед, има само еден проблем

Ерик тен Хаг веќе почна со планирање на тимот на Манчестер Јунајтед за наредната сезона, а на врвот на листата со желби на Холанѓанецот е неговиот поранешен „пулен“ од Ајакс, Френки де Јонг. Тен Хаг сака стабилен играч на средината од теренот, добро е запознаен со квалитетите на Де Јонг и сака да го донесе на „Олд Трафорд“, но постои само еден проблем – холандскиот репрезентативец не сака да дојде во клуб што не се натпреварува во Лигата на Шампионите.

Барселона е подготвена да го продаде овој фудбалер за да обезбеди средства со кои ќе ги финансите летните трансфери на клубот. Каталонците го проценуваат Де Јонг на 80 милиони евра, сума што Јунајтед без проблем би ја платил, но најпрвин неопходно ќе биде да се убеди самиот фудбалер на преселба во Манчестер.

Како што јавуваат англиските медиуми, Тен Хаг во наредните денови лично ќе разговара со Де Јонг во обид да го смени неговиот став на оваа тема, ветувајќи му централна улога во новиот проект на „црвените ѓаволи“. Дури откако фудбалерот ќе даде зелено светло, Манчестер Јунајтед би влегол во посериозни преговори со Барселона околу висината на трансферот, каде се очекува двата клуба без поголеми проблеми да најдат заеднички јазик.

За потсетување, Манчестер Јунајтед летово остана без Погба и Мата, најавено е и заминување на Немања Матиќ, па јасно е зошто освежување на средниот ред е приоритет за Тен Хаг на почетокот од овој преоден рок.

Се вчитува...