Од милионер до „клошар“: Вгради банкомат дома за да не оди по пари, сега го продава шампионскиот прстен

Поранешниот НБА-кошаркар Дешон Стивенсон имаше зад себе успешна кариера, а во 2011 стана и шампион со Далас Маверикс. Иако никогаш не беше играч од самата елита, Стивенсон успеа да заработи 27 милиони долари, но за десетина години ги потроши сите пари и сега е принуден да го продава преку аукција шампионскиот прстен од пред 11 сезони.

Стивенсон уште за време на играчката кариера се најде во центарот на вниманието на јавноста поради расипничкиот живот. Тој отиде дотаму што побарал во куќата да му биде вграден банкомат, за да не мора да оди надвор за да извади пари кога ќе му требаат. Ваквиот луд живот значеше и брзо губење на богатството, па сега Стивенсон е тужен од „Американ Експрес“ поради непокривањето на долговите од кредитните картички.

Поради тоа, поранешниот кошаркар мора да го продаде шампионскиот прстен од 2011. Аукцијата објави дека почетната цена ќе изнесува 30.000 долари, а останува да се види колку ќе заработи Стивенсон од најважниот трофеј од својата играчка кариера.

Се вчитува...