Возбудувањата во финалната серија од Првата кошаркарска лига продолжуваат денеска до 18 часот и 30 минути во „Боро Чурлевски“ каде Пелистер ќе го пречека МЗТ Скопје пред своите навивачи и ќе се обиде да го одбрани домашниот терен за изедначување на 1-1.
МЗТ Скопје фаворитската улога ја потврди на натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ каде умешно ја искористи пошироката клупа. Истата во текот на целиот натпревар носеше добра ротација во одбраната на клучните играчи во „зелено-бело“, а најмногу се одрази во третата четвртина која Војдан Стојановски ја започна од клупата, а капитенот на македонската репрезентација со осум поени во низа им се приклучи на Мекиќ и Рикиќ и ги реши дилемите за победник.
За Пелистер да се надева на победа во Битола ќе мора одигра подобра одбрана на бековската линија на „сино-белите“ и да го спречи добриот проток на топката кој носеше отворени обиди во Аеродром, а и домашните кошаркари овој пат да бидат посигурни во реализацијата од линијата за слободни фрлања каде промашија 12 обиди во првиот меч (14/26).
Во пресрет на денешниот натпревар погледнете ги најдобрите десет атракции на првиот натпревар.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

