Мане стана најдобар стрелец во историјата на Сенегал

Репрезентацијата на Сенегал славеше со 3-1 над селекцијата на Бенин на стартот на квалификациите за Африканскиот куп на нации.

Сите погодоци за Сенегал на овој меч ги постигна ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане. 30-годишникот со овие три гола стана најдобар стрелец во историјата на оваа репрезентација. Мане во 89 натпревари стрелаше 32 пати и на првото место на вечната листа го помина Хенри Камара кој во кариерата постигна 29 гола.

Се вчитува...