Надал закажа обраќање за јавноста, навивачите загрижени

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска во финалето против Каспер Руд ќе се обиде да стигне до рекордната 14. титула на Ролан Гарос. Сепак, посебно внимание предизвика најавата на шпанскиот тенисер кој по финалето реши да и се обрати на јавноста.

Популарниот Рафа ќе има прес-конференција по финалето, која не е на барање на организаторот како што е нормално по завршување на мечот, туку негова лична, а многу шпекулираат дека би можел да стави крај на неверојатната кариера.

Тој денеска го брка својот 22. гранд-слем трофеј со што ќе биде осамен на врвот, бидејќи неговите два најголеми ривала Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ останаа на 20 титули.

Се вчитува...