Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Фабио Квартараро стигна до убедлива победа на трката за големата награда на Барселона која се возеше на легендарната патека „Каталуња“.
Возачот на Јамаха уште од самиот старт го презеде водството и во ниту еден момент не им дозволи на ривалите да успеат да ја загрозат неговата победа. На второто и третото место заврши двоецот на Прамак, Шпанецот Хорхе Мартин и Французинот, Жоан Зарко.
За потсетување најголемата ѕвезда во Мото ГП, Марк Маркез поради операција ја заврши сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА