Зенит ја „шокираше“ ЦСКА Москва и стигна до трофејот во ВТБ лигата

Кошаркарите на Зенит од Санкт Петербург ја освоија титулата во ВТБ лигата, откако во седмиот натпревар од финалната серија на гостински терен ја совладаа ЦСКА Москва со 75-81.

Во решавачкиот меч тимот на Чави Пасквал успеа да го скрши големиот фаворит во последната делница. Џордан Мики со 19 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Каспер Вер имаше 17 поени.

Ова е прва титула за Зенит во ВТБ лигата која е создадена во 2008 година. ЦСКА 11 пати го освојуваше трофејот, а Химки еднаш.

Се вчитува...