Македонија со предност од 0-1 на полувремето на гостувањето против Гибралтар (ВИДЕО)

ЕКИПА во Гибралтар

Македонија има предност од 0-1 по првото полувреме на гостувањето против Гибралтар во 2. коло од Групата 4 во Ц-Лигата на нации. Во очекувано подобро издание од дефанзивно ориентираниот домаќин Македонија до предност дојде со голот на капитенот Енис Барди во 21. минута.

Првата 100% шанса за Македонија уште во 8. минута преку Милан Ристовски. Одлично проигрување од Барди за Ристовски, кој одлично се ослободи од двајца домашни дефанзивци шутираше од 12 метри, но гредата го спаси голот на Гибралтар.

Во 19. минута грешка на Висар Муслиу во обидот да додаде до голманот Илиев, пресекува Валарино но за среќа шутира покрај македонскиот гол.

Веќе во следната минута одличен шут на Николов од 20. метри, но домашниот голман брани исфрлајќи во корнер. A, по корнерот извонредно проигрување меѓу Енис Барди и Џани Алиоски, по кое капитенот со мајсторски соло продор се прошета покрај домашната одбрана прецизно стрелајќи од десеттина метри за 0-1.

Во 39. минута одличен шут и на Стефан Спировски од 25 метри, но домашниот голман повторно брани исфрлајќи во нов корнер за Македонија.

ЛИГА НА НАЦИИ – Ц-ЛИГА (Група 4 – 2. коло)
ГИБРАЛТАР – МАКЕДОНИЈА (0-1)
„Викторија стадион“ во Гибралтар. Гледачи: 1.000. Главен судија: Алан Дурло (Луксембург). Стрелци: Барди 21′ (М).
ГИБРАЛТАР: Колинг, Џоли, Висман, Брито, Ториља, Лопез, Енесли, Оливеро, Вокер, Валарино, Стич
Селектор: Хулио Рибас
МАКЕДОНИЈА: Илиев, Тодороски, Серафимов, Муслиу, Алиоски, Николов, Барди, Спировски, Елмас, Трајковски, М. Ристовски
Селектор: Благоја Милевски

Се вчитува...