Збогум Манчестер: Матиќ и Мурињо повторно заедно

Немања Матиќ во наредната сезона ќе го носи дресот на Рома откако српскиот ветеран ги прифати условите за едногодишен договор со „римската волчица“. Жозе Мурињо инсистираше на ангажман на искусен играч за врска, а на врвот на листата со желби беше токму неговиот поранешен „пулен“, со кого Португалецот имаше беспрекорна соработка и во Челси и во Манчестер Јунајтед, а сега успеа да го доведе и во Рома.

Матиќ уште пред неколку месеци објави дека сака да си замине од Манчестер Јунајтед, а управата на клубот му излезе во пресрет иако Србинот имаше уште една година од актуелниот договор со „црвените ѓаволи“. Мурињо притисна договорот да биде постигнат веднаш по завршувањето на сезоната на „римската волчица“, по што Матиќ ги договори сите детали, тој ќе остане на „Олимпико“ до јуни 2023, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Тој е вториот српски фудбалер што летово како слободен играч ќе пристигне во Рома, по потписот на „волчицата“ со голманот Свилар од Бенфика.

Се вчитува...