Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз од Украина од 4-0 го завршија квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Романија и Грузија.
Надежите на Драган Канатларовски 69. минути беа во егал со противникот, но малиот пад на концентрацијата беше доволен за нов пораз во евро-квалификациите. Украинците во 69. минута поведоа со 1-0 со голот на Вјуник, а само две минути подоцна веќе беше 2-0 откако стрелаше Судаков. На 3-0 зголеми Ванат во 85. минута, а конечните 4-0 ги постави истиот играч во 94. минута. Натпреварот се играше во Истанбул, поради инвазијата на Русија над Украина.
Македонија овие квалификации ги заврши на претпоследното место на табелата во Х групата со освоени девет бода. Зад нас беше само Ерменија која освои само три бода во овој квалификациски циклус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА