Џенаро Гатузо се наоѓа пред тренерска промоција во Валенсија откако шпанските медиуми пренесоа дека потпишал договор до 2024-та година.
Сепак, јавноста од оваа земја води доста „црна кампања“ против легендарниот играч за врска и се обидува да ја наруши неговата репутација.
Дел од медиумите во Валенсија потсетуваат дека Гатузо бил избркан од Фиорентина и одбиен во последен момент од Тотенхем поради тоа што имал контроверзни ставови и се смета за расист, хомофоб, ксенофоб и сексист, а бидејќи оваа камапања е се погласна во Шпанија, Гатузо сега реши да распали пред да оди на официјална промоција на „Месталја“.
„Мојата историја зборува сама за мене. Јас сум бил расист, хомофоб, ксенофоб и сексист? Дали луѓето се луди, дали се нормални што излегуваат со такви ставови. Мора да ја смириме топката. Замислете, сум бил расист? Зошто тогаш го купив Бакајоко во Наполи? Никогаш не сум кажал лошо за црните играчи, а многумина беа мои соиграчи и мои пријатели. Јас ја градев кариерата со напорна работа, со пот и посветеност. Никој не ми подарил ништо и нема да дозволам некој да ме поврзува со вакви ужасни обвинувања за да ми наштети на работата“, порача Гатузо за ‘Газета’.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

