Заедно за климатска акција

Одбележувајќи го Светскиот ден за заштита на животната средина – 05 јуни под годинешното мото  „Само една Земја“ годинава со особен фокус се осврнуваме на потребата од итно преземање на локални акции и граѓански сојузништва кои ќе придонесат за заедничко справување и ублажување на климатските промени.

Потенцирајќи ја важноста и справувањето со климатските промени на овој значаен ден за животната средина, ја започнуваме кампањата „Заедно за климатска акција“ како дел од проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“.

Оваа стратешка програма за Еко-свест има за цел да придонесе кон креирање на живо и силно граѓанско општество, кое суштински се вклучува во процесот на трансформација,  декарбонизација   и   обнова   на   нашето општество за почиста средина и поздрави граѓани.

Заедничка   цел   на Еко-свест и донаторот – Шведската меѓународна агенција за развојна соработка (СИДА) е  преку   зајакнување   на   граѓанските организации  и   нивното  учество  во   значајните   процеси  за креирање  на  политики  на  локално  и  централно   ниво,   да поттикнеме   вистинска   климатска   акција  и направиме практични позитивни промени, а преку нив да ја подигнеме свесноста на граѓаните за климатските промени.

Програмата   “Граѓанските   организации   во   акција   за климатските промени“  трае три години, а ја спроведуваме со две партнерски организации – Македонското здружение на млади правници(МЗПМ) и CNVP фондацијата.

„Заедно за климатска акција“ освен што редовно ќе ја едуцира и информира јавноста за важноста од справувањето со климатските промени, главно ќе иницира и воспостави   сојузништва преку кои нашите заложби ќе бидат остварени на посеопфатен начин, а справување со климатските промени ќе добие интерсекторски, опсежен и динамичен интензитет.

Ве  повикуваме на заедничка соработка и соодветно вклучување во градењето сојузништва, планирањето   на   локални   и  национални   акции   за  подобра клима, градење подобар живот и надеж за иднината.

Времето за заедничка климатска акција е сегa.

Комерцијален текст

Се вчитува...