Боксерскиот клуб Куманово – 84 од истоимениот град под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Боксерската Федерација на Македонија го организираше вториот по ред меѓународен боксерски турнир во чест на големата боксерска тренерска легенда Мирослав Петровиќ. На турнирот учествуваа тимови од цела Македонија, Бугарија, Србија и Косово.
Во чест на бардот на боксот гости на турнирот беа 10- те најпознати боксерски имиња од поранешните југословенски простори, поранешни олимписки, светски и европски шампиони . Се помина во најдобар ред и одлична организација од страна на домаќинот, а на крајот од турнирот беа прогласени најдобрите од страна на жирито составено од познати боксерски асови.
НАЈДОБАР БОКСЕР – Орхан Јашаров – БК Куманово 84
НАЈДОБАР МАК.БОКСЕР – Еди Насуфи БК Синди
НАЈБОРБЕН ПАР – Арсим Етеми и Ремзо Мустафич
НАЈДОБАР СТРАНЕЦ – Бисенте Фернандес БК Сомбор
НАЈДОБАР ТЕХНИЧАР – Шпетим Ајредини БК Хасан Бег
НАЈМЛАД УЧЕСНИК – Фурхан Јашаров – БК Куманово 84
НАЈПЕРСПЕКТИВЕН БОКСЕР – Влатко Василевски – БК Баргала .
НАЈДОБАР СУДИЈА – Радмила Симевска
НАЈДОБАР ТРЕНЕР – Ѓорѓи Шамулев БК Пирин ,Бугарија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА