Со чартер лет од Малага до Скопје: Македонија со нови сили на подготовки за дуелите со Грузија и Гибралтар (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска во 12 часот со чартер лет од Малага се враќа во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките за последните два меча од јунскиот собир.

Избраниците на Благоја Милевски ќе бидат најпрвин домаќини на Грузија на 9. јуни, а веќе на 13. следува дуелот со селекцијата на Гибралтар.

Веќе утре е најавен и првиот тренинг во Скопје, а официјалниот пред мечот со Грузија е закажан за во среда.

 

 

Се вчитува...