Срѓан Захариевски уште една сезона на клупата на Струга Трим и Лум

Срѓан Захариевски потпиша нов договор и останува на клупата на македонскиот фудбалски прволигаш Струга Трим и Лум. Клубот и младиот стратег се договориле на продолжување на соработката за уште една сезона.

Струга Трим и Лум под водство на Срѓан Захариевски стигна и до историски настап сезонава во Европа, откако тимот од градот од југозападот на Македонија играше во новоформираната Конференциска лига на УЕФА.

Захариевски исто така ги одведе стружани и до полуфиналето во Купот на Македонија каде на пенали беше елиминиран од шампионот Македонија Ѓорче Петров. Захариевски на клупата на Струга ТиЛ седна во 2020 година.

Се вчитува...