Легендарната фудбалска легенда, Роналдо реши да го одржи дадениот ветен збор. Бразилецот ќе помине 500 километри со велосипед, откако даде ветување дека ќе се впушти во ваква мисија ако неговиот Ваљадолид обезбеди промоција во Примера, а тоа и се случи.
45-годишникот од 2018 година поседува 51% од шпанскиот клуб. Оваа сезона се израдува на пласман во елитата, па одлучи да го исполни ветувањето кое им го даде на фановите.
Роналдо и неговата сопруга планираат да ја завршат рутата со поминување по неколку десетици километри секој ден додека не стигнат до крајната дестинација.
Во продолжение погледнете го видеото од Роналдо, кој реши да го сподели со фановите на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

