И официјално, македонскиот ракометен шампион, Вардар 1961, во следната сезона ќе се натпреварува во ракометната Лига на шампиони на ЕХФ.
Оваа информација ја потврди Ракометната федерација на Македонија.
„Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја достави пријавата на РК Вардар 1961 до Европската Ракометна Федерација за учеството во Лигата на шампионите во машка конкуренција за сезона 2022/23. Им посакуваме спортски успеси во елитната категорија, соопшти федерацијата.
Вардар и во следната сезона ќе биде единствениот македонски тим во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Пелистер, Бутел и Еурофарм Пелистер 2 ќе се натпреваруваат во Европската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА